📷 ТРАМП СО ГРАФИКОН ЈА ПРЕДИЗВИКА АЛИЈАНСАТА ПРЕД САМИТОТ Европа е далеку зад американските 999 милијарди
Американскиот претседател повторно ја доведе во прашање рамнотежата во Алијансата, објавувајќи податоци според кои Вашингтон издвојува повеќе средства за одбраната отколку повеќе европски сили заедно.
„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“.
Со оваа порака и графикон за трошењето во НАТО претседателот на САД Доналд Трамп повторно ја разгоре дебатата за односите меѓу САД и НАТО, само неколку дена пред самитот на Алијансата во Анкара.
Според објавените бројки, САД за одбрана во Алијансата издвојуваат 999 милијарди долари. За споредба, Велика Британија издвојува 90,5 милијарди долари, Франција 66,5 милијарди, Италија 48,8 милијарди, а Полска 44,3 милијарди долари.
Токму разликата во финансискиот товар е една од темите на кои Трамп се навраќа со години.
Во последните недели тој повеќепати го отвори тоа прашање и во контекст на кризата со Иран, оценувајќи дека товарот на безбедноста непропорционално паѓа врз Вашингтон.
Неговата нова порака доаѓа во чувствителен момент за Алијансата, која се подготвува за нов самит во Истанбул и за дополнителни разговори околу зголемувањето на воените буџети.