📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАЖ СО ТИБЕТСКО ЗНАМЕ СЕ САМОЗАПАЛИ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ОН Почина од тешките изгореници, истрагата е во тек

52-годишниот маж бил пронајден со тешки изгореници по повик до полицијата, а починал во болница. Властите го истражуваат мотивот за трагичниот чин.

84

Маж кој носел тибетско знаме се самозапалил пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а подоцна им подлегнал на тешките изгореници, соопштија американските власти.

Полицијата интервенирала по повик на бројот 911 околу 18:30 часот, кога на местото бил пронајден 52-годишен маж со тешки изгореници по целото тело, соопшти Полициската управа на Њујорк.






Тој веднаш бил пренесен во болница, каде што подоцна починал.

Полицијата води истрага за околностите на трагичниот настан, а засега не е познато што го навело мажот да се самозапали.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, бидејќи неговото семејство не било официјално известено.

Портпарол на Обединетите нации изјави дека инцидентот се случил по завршувањето на сите планирани активности за денот и дека работата на организацијата не била нарушена.

 

Кина тврди дека Тибет е дел од нејзината територија повеќе од седум века и дека Комунистичката партија управува со хималајскиот регион од 1951 година. Од друга страна, многу Тибеќани сметаат дека Тибет во најголем дел од својата историја бил независен и протестираат против, како што велат, репресивната политика на Пекинг.

Според податоците на Меѓународната кампања за Тибет, меѓу 2009 и 2022 година биле регистрирани повеќе од 150 случаи на самозапалување на Тибет.

Кина не ја признава Централната тибетска администрација, која функционира како тибетска влада во егзил, а од 2010 година нема водено дијалог со претставниците на Далај Лама.

Поврзани содржини