📽️ Д-Р ТРАМП ИМ ПРЕПИША ДИЕТАЛНА КОКА-КОЛА НА КРИТИЧАРИТЕ Шефот на САД објави монтажа, ги „лекува“ Вупи Голдберг и Џулија Робертс

Американскиот претседател објави видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се појавува како лекар што на шега го третира таканаречениот „синдром на трампово нарушување“. Во видеото се користени и ликови на познати личности кои со години јавно му се спротивставуваат.

75

Бел мантил, стетоскоп околу вратот и неколку добро познати политички боцки. Така изгледа најновото видео што го објави Доналд Трамп, во кое претседателот на САД е претставен како доктор што наводно лекува пациенти од „синдромот на трампово нарушување“.

– Исклучете ги лажните вести, молете се и ако се чувствувате вознемирено, испијте диетална Кока-Кола како што правам јас и ќе видите извонредна разлика во вашиот живот – вели ликот на Трамп.






Не му е првпат на Трамп да објавува вакви видеа. По бројните реакции, портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, изјави дека претседателот има право да објавува вакви содржини.

– Синдромот на трампово нарушување е ослабувачка болест која за жал ги изеде мозоците на многу луѓе – изјави Ингл.

 

Поврзани содржини