🎥УНИШТЕНИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ КНИГИ НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „АНТОЛОГ“ Невремето го поплави магацинот и направи пустош

Десетици илјадници книги, возилото, целосниот инвентар, техниката, речиси сè е неповратно уништено, загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема, објави „Антолог“.

164

Невремето во Скопје вчера го поплави магацинот на издавачката куќа „Антолог“ и причини голема материјална штета. Уништени се илјадници книги, возилото, целиот инвентар и техниката.

Од познатата книжарница велат дека невремето ги одзело нивните минато, сегашност, но и иднината.
На верните читатели им порачуваат дека сега не се во можност да им ги достават нивните нарачки.






„Антолог каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја немаме или е несоодветно изведена, доведе до целосно поплавување на нашите магацински простории. Загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема. 27 години труд на генерации луѓе кои се вложија секој на свој начин во оваа издавачка куќа, во овој дом на книгата, се помножени со нула. Десетици илјадници книги, возилото, целосниот инвентар, техниката, речиси сè е неповратно уништено. Визијата на една приказна во која сите заедно се вложивме и ја градевме – достоинствено, чесно, трудољубиво, визионерски, искрено, пасионирано, со љубов од дното на душата и секогаш, буквално секогаш, постепено – скала по скала, страница по страница, ден по ден, сон по сон, се распадна“, соопшти издавачката куќа.

Срцето ни е скршено, се чувствуваме целосно поразени, додаваат оттаму.

„Тие неколку часа додека напразно чекавме кој било, каде што се јавивме да дојде да помогне во обидот да се справиме со водената стихија, го одзедоа нашето минато, сегашност, а најверојатно и иднината. Благодарност до Министерството за внатрешни работи но и до сите поединци. физички лица, што вчера беа со нас на терен и колку што можеа ни даваа поддршка, немо гледајќи го тоа што никому не пожелуваме никогаш да го види со очи во својот живот. Господ напомош“, соопшти Антолог.

 

Поврзани содржини