🎥 СЕ ИСКАЧИЈА НА ВРВОТ НА „ЕМПАЕР СТЕЈТ БИЛДИНГ“, СЕ СВРШИЈА, ПА БЕА УАПСЕНИ Љубов на височина од 443 метри

Руските екстремни качувачи Ангела Николау и Иван Бееркус без заштитна опрема се искачија на врвот на легендарниот облакодер во Њујорк и развија транспарент со порака за љубов и мир во светот.

168

Руските екстремни качувачи Ангела Николау и Иван Бееркус повторно го шокираа светот, откако без заштитна опрема се искачија на самиот врв на облакодерот „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, висок 443 метри.

Двојката помина најмалку 10 минути на врвот на кулата, каде разви транспарент со пораката: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“.






На една од платформите на кулата, Иван клекна на едно колено и ја побара Ангела за сопруга. Таа ја прифати понудата, по што се бакнаа и продолжија да се спуштаат. Потоа ги приведе њујоршката полиција.

Фото: Принтскрин

 

Против нив е покрената истрага, а според американските медиуми, се соочуваат со обвиненија за провала, нелегално влегување и за загрозување на безбедноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CBS News New York (@cbsnewyork)


Николау и Бееркус се меѓу најпознатите светски „руфтопери“ – лица кои нелегално се качуваат на облакодери и други високи објекти без безбедносна опрема. Нивната необична животна приказна беше прикажана и во документарниот филм „Skywalkers: A Love Story“, објавен во 2024 година.

Фото: Принтскрин

Инцидентот предизвика големо внимание кај минувачите и туристите на Менхетен, додека полицијата со хеликоптер и со дрон ја следеше ситуацијата. Засега не е познато како двајцата успеале да стигнат до затворениот дел од кулата, кој е недостапен за посетители.

Поврзани содржини