КАМ, ОСМА ГОДИНА ПО РЕД ГО ПОТВРДУВА НАЈДОБРИОТ СООДНОС ПОМЕЃУ ЦЕНАТА И КВАЛИТЕТОТ Доби нови „Best Buy“ сертификати

Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите кои се од секојдневно значење за потрошувачите.

39

КАМ, најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба, осма година по ред го потврдува најдобриот сооднос помеѓу цена и квалитет на пазарот, здобивајќи се со нови меѓународни сертификати „Best Buy“.

Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите кои се од секојдневно значење за потрошувачите.






Со дополнително признание „Best Buy“ се здоби одделот за свежо овошје и зеленчук, како потврда за понудата која комбинира свежина, квалитет и најдобра вредност за потрошените средства. Признание доби и приватната марка чоколади „Alpiko“ и „Gaja“, кои се препознаени како производи со одличен сооднос помеѓу цена и квалитет во својата категорија.

Овие признанија се потврда за нашата континуирана посветеност кон потрошувачите и нивните секојдневни потреби. За нас, суштински дел од работата е на потрошувачите да им обезбедиме најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот. Горди сме што осма година по ред потрошувачите ја препознаваат вредноста што ја добиваат во маркетите на КАМ. Продолжуваме да вложуваме во квалитет, свежина, достапност и развој на приватните марки, со цел да обезбедиме уште поголема вредност за секое домаќинство – велат од КАМ.

Новите сертификати се надоврзуваат на постојните признанија „Best Buy“ кои КАМ ги доби за одделот за млечни производи, каде клучна улога има приватната марка „Bella Farm“, како и за приватните трговски марки за перење алишта и чистење на домот „Belil“ и „Klinko“. Дополнително, сертификатот за производи за миленици ја препозна вредноста на асортиманот под приватната марка „Alfie“, кој вклучува храна и грицки  за домашните миленици.

Со новите признанија, КАМ продолжува да ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, нудејќи им на граѓаните производи кои обезбедуваат квалитет којшто е достапен по најдобри цени.

КАМ е македонскиот бр. 1 малопродажен синџир и компанија во која потрошувачите имаат најголема доверба. Ова признание, заедно со континуираните „Best Buy“ сертификати, ја потврдува долгорочната посветеност на компанијата да создава вредност за потрошувачите и да остане нивен прв избор при секојдневното купување.

Поврзани содржини