TИТАН УСЈЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА ДНЕВНИТЕ МЕРЕЊА НА НОВА ПЛАТФОРМА Компанијата ја јакне транспарентноста за животната средина

Компанијата пушти портал преку кој ќе објавува податоци од независниот мониторинг, еколошки документи и информации за отпад, алтернативни горива и нови инвестиции.

40

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/.

Компанијата објави дека на платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали.






„Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг. Компанијата има 24-часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше до медиумите еднаш неделно“, велат од ТИТАН Усје.

Покрај тоа, на новиот порталот за животна средина ќе можат да се најдат информации за активностите на компанијата во различни области од животната средина, како континуирани инвестиции и примена на иновации во процесот на работа, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива.

„Оваа платформа е дополнителен канал за отворена и транспарентна комуникација со јавноста“, порачува компанијата.

На новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје ќе има можности и за директно поставување прашања или да се побараат дополнителни информации од различни области поврзани со работењето на компанијата. Ќе бидат објавени и студиите што компанијата ги спровела во различни области и други материјали и корисни линкови од областа на животната средина.

Порталот за животна средина постојано ќе се надоградува со нови информации, а на него ќе биде поставена и новата А интегрирана дозвола, се вели во соопштението.

„Како одговорен член на заедницата ТИТАН Усје останува посветена на креирање на одржлив развој во интерес на сите засегнати страни“, истакнува компанијата.

Поврзани содржини