МАЈКА ЈА ПРЕТЕПАЛА ЌЕРКАТА, СИН ГО НАПАДНАЛ ОЧУВОТ Осум пријави за семејно насилство, пет лица завршија во притвор

Најсериозниот случај е регистриран во Битола, каде маж ѝ се заканувал на сопругата со огнено оружје, додека полицијата интервенирала и поради напади врз деца, поранешни партнерки и постари членови на семејството.

100

Во последните 24 часа полицијата евидентирала осум случаи на семејно насилство низ државата, при што пет лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. Меѓу најсериозните случаи е оној во Битола, каде 53-годишен маж ѝ се заканувал на сопругата со огнено оружје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициските службеници интервенирале во повеќе градови по пријави за физички напади, закани и насилство меѓу членови на семејството.






Во Кичево, околу 16:20 часот, била лишена од слобода 40-годишната Ј.С., која, според пријавата, во алкохолизирана состојба физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

Во Куманово, пак, бил уапсен 34-годишен маж, откако неговата поранешна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во неговиот дом.

Во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода 53-годишниот В.А., кој во семејниот дом со огнено оружје ѝ се заканувал на својата сопруга.

Во Прилеп, 50-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својата стрина, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Во Росоман, 67-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал.

Во Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со 21-годишник, осомничен дека ја нападнал поранешната партнерка, ѝ упатувал закани и го оштетил нејзиниот мобилен телефон.

Во друг случај во Чаир, бил уапсен 38-годишен маж поради напад врз неговиот 76-годишен очув.

Неколку часа подоцна, повторно во Чаир, полицијата го лишила од слобода 46-годишен маж, кој, според пријавата, со тврд предмет физички го нападнал својот малолетен син.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и кривични пријави.

Поврзани содржини