ПЕНЗИИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 7.000, НАМЕСТО ЗА ВЕТЕНИТЕ 5.000 ДЕНАРИ Мицкоски вели дека покачувањето на пензиите останува еден од владините приоритети
Премиерот потсети дека порано пензиите се зголемувале за минимални 20 денари, што видно ја влошило нивната социјална состојба.
Зголемувањето на пензиите останува една од клучните социјални мерки на Владата,изјави премиерот Христијан Мицкоски додавајќи дека ветеното не само што е исполнето, туку и надминато.
-Кога бевме опозиција ветивме дека ќе направиме сè што можеме да обезбедиме линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понатаму и обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување – изјави премиерот.
Тој додаде дека во домаќинствата каде што има двајца пензионери, тоа значи дополнителни 14.000 денари месечно.
Мицкоски посочи и дека одлуката за линеарното зголемување на пензиите е предмет на оспорување пред Уставниот суд, при што обвини дека иницијативите потекнуваат од лица блиски до опозицијата.
– Порано пензиите се зголемуваа за 10, 15 или 20 денари, а сега со овие 7.000 денари по пензионер успеавме, колку-толку, да ги ублажиме предизвиците со кои се соочуваат -рече Мицкоски.