БЕРЛИН СО СЕРИОЗНИ СОМНЕЖИ КОН КИЕВ Украина првпат директно поврзана со саботажата на „Северен тек“

Германските обвинители за првпат директно укажуваат на можна украинска вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, додека осомничениот ги негира сите наводи.

260

Германските обвинители денеска соопштија дека за првпат постојат сериозни сомневања дека украинските власти стојат зад саботажата на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, кои ја поврзуваат Русија со Европа.

Во деталното соопштение за случајот против осомничениот Серхиј К., истражителите наведуваат дека тој и уште шест соучесници делувале „по наредби на државни власти во Украина“.






Планирана операција за уништување на „Северен тек“

Според германското обвинителство, планот бил во септември 2022 година да се уништат гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, а осомничените се опишани како „воено персонал“.

Германските медиуми објавија дека 50-годишен украински државјанин е обвинет за:

– соучесништво во воено злосторство

– нарушување на јавни услуги

– предизвикување експлозии

– уништување на инфраструктура

Обвиненијата следуваат по неговото екстрадирање од Италија, каде што бил уапсен во август 2025 година по германска потерница.

Негирање на вина и оштетена инфраструктура

Осомничениот Серхиј К. ги негира сите наводи. Неговиот адвокат изјави за Ројтерс дека е уверен оти неговиот клиент ќе биде ослободен од обвиненијата.

Според обвинението, украинскиот државјанин, кој е поврзан со воени структури, наводно ја предводел групата од седум лица која поставила експлозивни направи на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, при што биле уништени три од четирите главни линии.

Како била изведена саботажата

Истражителите сметаат дека операцијата била координирана од јахтата „Андромеда“, од каде биле поставени експлозивните направи.

На бродот, според наводите, биле пронајдени траги од воени експлозиви HMX и RDX. Германските медиуми додаваат дека постојат и пресретнати телефонски разговори кои, наводно, го компромитираат осомничениот.

Според реконструкцијата на настаните, групата составена од капетан, експерти за експлозиви и четворица нуркачи, најдоцна на 8 септември 2022 година испловила од германскиот остров Риген.

Во близина на данскиот остров Борнхолм, на длабочина до 80 метри, биле поставени четири експлозивни направи со тајмери, кои биле активирани на 26 септември 2022 година, кога гасоводите биле сериозно оштетени.

Лажни пасоши и подготовка на операцијата

Според истрагата, тимот патувал од Украина кон Германија со лажни украински пасоши, по што ја изнајмил јахтата „Андромеда“ во северниот германски град Росток.

Иако гасоводите во тој момент не биле активни, експлозиите предизвикале значителна штета. Претходно, речиси половина од германската годишна потрошувачка на природен гас се транспортирала преку „Северен тек 1“, наведуваат обвинителите.

Обвинениејата се прошируваат, истрагата продолжува

Обвиненијата против Серхиј К. вклучуваат соучесништво во воено злосторство, саботажа на јавни услуги, предизвикување експлозии и уништување на инфраструктура.

Случајот следува по неговото екстрадирање од Италија во Германија, каде што бил уапсен во 2025 година.

И покрај сериозните обвиненија, тој продолжува да ја негира вината, а неговиот адвокат тврди дека ќе биде ослободен.

Поврзани содржини