4% ОД БДП Е ПОТВРДА ДЕКА НАШАТА АРМИЈА Е КРЕДИБИЛЕН СОЈУЗНИК Во понеделник во Солун стигнуваат возилата страјкери за Македонија
Македонија е кредибилен и ценет сојузник во НАТО, вели Началникот на Генералштабот на Армијата. Министерот за одбрана, пак, ја потврди веста дека се одовојуваат 4% од БДП за одбраната и навести дека во понеделник на пристаништето во Солун стигаат сите возила страјкери кои Македонија ги нарача како дел од договорите за оружје вредни 339 милиони евра.
Со задоволство можам да консатирам дека изминатиот период беше исклучително динамичен и успешен за Армијата преку интензивна обука, бројни вежби и активно учество во меѓународни мисии. Продолживме да ги развиваме нашите способности и да го зголемиме придонесот кон колективната безбедност, истакна денеска на прес конференција Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
– Со своја професионалност и посветеност нашите припадници секојдневно допринесуваат за регионалната безбедност, сатабилноста и колективната одбрана на Алијансата. Нашата Армија денес е перпознаена како сигурен, кредибилен и ценет сојузник во Алијансата потврдена и во вчерашните изјави на генералот Гринкевич, командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа – рече Лафчиски.
Инаку, при вчерашната посета на Македонија и касарната „Илинден“ генералот Алексус Г. Гринкевич Командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR) истакна дека Македонија е цврст и ценет сојузник на НАТО кој значајно придонесува за колективната безбедност. Тој ја истакна и улогата на земјава во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан, нагласувајќи дека станува збор за регион од стратешко значење за НАТО.
Во однос на одбранбените вложувања, Гринкевич истакна дека македонската држава веќе издвојува околу 4 проценти од БДП за одбрана и сродни трошоци, оценувајќи дека тоа е значаен придонес во насока на заедничката цел на Алијансата за достигнување 5 проценти до 2035 година.
Инаку, за тоа дека Македонија издвојува веќе 4% од БДП во одбранбените вложувања на денешниот отчет за сработеното во изминатите две години информираше и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
– Буџетот е над 2%, вчера слушнавме од главните луѓе на НАТО дека сме над 4% во тотал, тоа навистина е голема вест за нас но и за државата бидејќи инвестираме во сите капацитети, односно во сите делови каде што одбраната смета, односно каде што дополнителни вложувања можеме да дадеме – изјави Мисајловски.
Во делот на модернизација, согласно буџетот и она што е планирано ги сервисираме сите обрски, какко што знаете стигнаа сите ЏИВАТИ возила, во понеделник на пристаништето во Солун стигаат сите страјкери, така што до крајот на месецот ќе имаме нова можнот каде што ќе го заокружиме целиот овој процес на договорот со САД, каде што во тотал имаме договори од околу 339 милиони евра, информираше Мисајловски.