ПОЛИЦИЈАТА РАЗГОВАРАЛА СО ДЕТЕТО-ЖРТВА НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО АЕРОДРОМ Го утврдува идентитетот на сторителите
Вознемирувачкото видео, со замаглени ликови на малолетниците, се прошири на социјалните мрежи и предизика револт и огорчување кај јавноста.
Полицијата изршила разговор со детето-жртва од видеото со брутално врсничко насилство во населбата Аеродром, кое ја потресе јавноста, а се обидува да го утврди идентитот на сите лица инволвирани во инцидентот – информираат од МВР.
Жртва на ова врсничко насилство е девојче кое се извинува на колена на друго девојче, додека други девојчиња ја удираат со шлаканици. Околу нив е насобрана група момчиња и девојчиња довикуваат, бодрат и снимаат, и не покажуваат никака емпатија кон жртвата.
Видеото, со замаглени ликови на малолетниците, се прошири на социјалните мрежи и предизика револт и огорчување кај јавноста.
Од МВР велат дека разговарале со девојчето-жртва, а ги повикуваат и другите инволвирани.
„Се преземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител“, соопштија од МВР.