НЕВРЕМЕ, СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЈ, ГРМЕЖИ И ГРАД Од викенд мирно и сончево време

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд во количина над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и појава на краткотрајно невреме со град. Ќе дува засилен ветер со брзина над 60киометри на час.

130

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд во количина над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и појава на краткотрајно невреме со град. Ќе дува засилен ветер со брзина над 60киометри на час.






Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 35 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени.

Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадрат, електрични празнења, силен ветер с брзина над 60 километри на час и со појава на град.

Потоа следува период на стабилно и сончево време.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Фото: УХМР
Поврзани содржини