ТЕШКА НЕСРЕЌА НА РАБОТНО МЕСТО ВО ЧАИР Работник итно хоспитализиран

48-годишниот скопјанец бил примен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а според првичните информации, повредите ги добил додека извршувал работни задачи во фирма во скопската населба Чаир.

170

Четириесет и осумгодишен работник се здобил со тешки телесни повреди при извршување на работни задачи во фирма на подрачјето на Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во вторникот околу 21:35 часот ја известиле полицијата дека кај нив бил донесен повредениот А.К.(48), кај кого лекарите констатирале тешки телесни повреди.






Според информациите од МВР, несреќата се случила додека тој извршувал работни задачи во фирма лоцирана на подрачјето на Чаир.

По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот за да ги утврдат околностите под кои се случила несреќата.

За случајот бил известен и трудов инспектор, кој ќе постапува согласно своите надлежности.

Поврзани содржини