СВЕТСКА БАНКА ГИ ЗАПИРА КРЕДИТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА КИНА Истата судбина ја снајде и една европска земја

Според планот, Светска банка до 2031 година вкупното кредитирање на Пекенг ќе го ограничи на 2 милијарди долари.

1

Светската банка целосно ќе ги суспендира развојните кредити за Кина од 2031 година, според новата петгодишна рамка за партнерство со земјата што го одразува нејзиниот економски напредок. Според планот, договорен меѓу Светската банка и Кина, вкупното кредитирање за Пекинг ќе биде ограничено на 2 милијарди долари до 2031 година, по што развојните кредити ќе бидат суспендирани.

Претходно овој месец Банката донесе иста одлука и за Полска.






Планот треба да го разгледа Одборот на директори на Светската банка по 20 јули, а формално гласање не е закажано, изјави еден од изворите.

Службеник на Светската банка, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Кина постигнала значаен напредок во развојот во последните децении, со поддршка на Светската банка и други меѓународни институции, објави Ројтерс.

– Сега влегуваме во нова фаза од нашите односи, што ја одразува таа реалност – рече службеникот.

Кредитирањето на Кина континуирано се намалува во последните години, паралелно со силниот економски раст и намалувањето на сиромаштијата во земјата.

Обемот на кредити го достигна својот врв во 2017 година, кога Кина доби 2,42 милијарди долари кредити, додека во 2025 година овој износ беше намален на 750 милиони долари.

Според Светската банка, нејзината улога во односите со Кина постепено се менува, од кредитор во партнер кој обезбедува професионална и техничка поддршка во развојот.

Во исто време, Кина останува еден од најголемите финансиери на Меѓународното здружение за развој (IDA), фондот на Светската банка за најсиромашните земји, со придонес од 1,5 милијарди долари во последниот циклус на финансирање, што ја прави петти најголем донатор.

Во последниве години, Светската банка постепено ја намалува својата кредитна изложеност кон земјите кои достигнале повисоко ниво на економски развој, а претходно овој месец донесе слична одлука за Полска, која исто така ќе види постепено укинување на нејзините кредити за развој по 2031 година.

Соединетите Американски Држави и некои други земји со години бараат од Светската банка да престане да дава кредити на Кина, инсистирајќи дека Пекинг повеќе не треба да користи кредити за развој.

Портпаролот на Министерството за финансии на САД оцени дека планот на Светската банка е „чекор во вистинската насока“ и изрази очекување дека другите меѓународни финансиски институции ќе го следат истиот пристап.

Поврзани содржини