ВУЧИЌ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА РАЗГОВАРАЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ Потврдена спремноста за унапредување на соработката

„Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

87

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави дека имал телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји.

Во објава на Инстаграм Вучиќ пишува дека во разговорот се разменети мислења за важни регионални прашања, можностите за продлабочување на соработката и за посилно поврзување во областите од заеднички интерес.






Содржајниот разговор со Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Според него, Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и на јакнењето на соработката со Северна Македонија, оценувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион.

Разговорот, како што објави српскиот претседател, претставува потврда на заедничката определба на Белград и Скопје за понатамошно унапредување на економската соработка, инфраструктурното поврзување и заедничките напори за зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

Поврзани содржини