🎥 ПОД КОНТРОЛА Е ОПАСНИОТ ПОЖАР ШТО СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА КУЌИ ВО ВЕЛЕШКО Голем пожар и во Дојранско

Пожарот во велешкото село Каласлари им се закануваше на неколку куќи, но по интервенцијата на противпожарните сили и еден „ер трактор“ е ставен под контрола, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

122

Голем пожар избувна денеска во велешкото село Каласлари им се закануваше на неколку куќи.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување во видеоизјава соопшти дека огнената стихија е под контрола.






Тој информира дека на пожарот интервенирале велешките  пожарникари со тим од Национални шуми.

– Гаснеше и еден авион „ер трактор“, кој во моментот е повлечен, оти повеќе нема потреба – рече Ангелов.

Вториот тежок пожар е на територијата на Дојран, додаде Ангелов.

Избувнал на границата меѓу Македонија и Грција и се шири во двете насоки – и на македонска и на грчка страна.

Огнот горел на тежок и обраснат терен.

– Загрозени беа и куќи, но пожарникарите воспоставија делумна контрола, а очекувам наскоро да биде ставен целосно под јонтрола и изгаснат  рече Ангелов.

 

Поврзани содржини