РАЗОТКРИЕНА ДЕЦЕНИСКАТА ТАЈНА ЗА ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ХОЛИВУДСКИ ТРИАГОЛНИЦИ Кара Делевињ призна дека била во врска со Амбер Херд за време на разводот со Џони Деп
Во интервју за подкастот на Луис Теру, Делевињ изјави дека таа и Херд „биле многу блиски“ и дека, додека траел разводот со Деп, нивниот однос прераснал во романтична врска, која ја опиша како „заплеткана ситуација“. Според неа, тие се познавале уште неколку години претходно, но токму во тој турбулентен период станале многу поблиски.
Манекенката и актерка Кара Делевињ првпат јавно потврди дека била во романтична врска со Амбер Херд во периодот кога актерката минувала низ бурниот развод со Џони Деп. Со ова таа стави крај на долгогодишните шпекулации што со години го следеа еден од најконтроверзните љубовни триаголници во Холивуд.
Во интервју за подкастот на Луис Теру, Делевињ изјави дека таа и Херд „биле многу блиски“ и дека, додека траел разводот со Деп, нивниот однос прераснал во романтична врска, која ја опиша како „заплеткана ситуација“. Според неа, тие се познавале уште неколку години претходно, но токму во тој турбулентен период станале многу поблиски.
Веста повторно го оживеа интересот за драмата што со години ги брануваше медиумите. Разводот на Херд и Деп во 2016 година подоцна прерасна во серија судски процеси, кои кулминираа со спектакуларното судење за клевета во 2022 година. Тогаш вниманието не беше насочено само кон нивниот брак, туку и кон приватниот живот на Херд и кон нејзините други врски. Во тој период се појавија и гласини дека Херд истовремено била поврзувана и со милијардерот Илон Маск.
Делевињ во интервјуто потврди дека Маск бил дел од сложените односи што тогаш ја опкружувале актерката, но не навлегуваше во дополнителни детали. Името на Маск се споменуваше и во старите медиумски тврдења за наводна љубовна врска меѓу тројцата. Сепак, Маск уште во 2020 година категорично ги демантираше тие шпекулации, тврдејќи дека никогаш немал интимна врска со Делевињ и дека со Амбер Херд започнал да се гледа дури по нејзината разделба со Џони Деп.