ФИЛИПЧЕ МОЛЧИ ЗА ДА НЕ ГИ НАРУШИ ЛИЧНИТЕ РЕЛАЦИИ СО БУГАРИЈА Опозицијата уште не го осуди скандалот со дипломатската нота, вели ВМРО-ДПМНЕ
Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став. Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции, вели ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со дипломатската нота која ја објави Софија за патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче повеќе се грижи да не ги наруши личните релации од односи со Бугарија отколку да ги брани националните позиции, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ вели дека доказ за ова е фактот што Филипче и СДСМ досега не го осудија дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата.
„Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став. Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции.
Венко Филипче никогаш нема да го видите да застане на страната на Македонија, тој се позиционира таму каде што има корист, а во случајов на страната на Бугарија.
Него не го засега Македонија, ни македонските граѓани, тој има свој зацртан пат да слугува на Бугарија, оти мисли дека ќе добие нешто за возврат.
Така ја кодошеше и државата, така вели дека ќе потпише уставни измени со што Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, без гаранции, оти за него ништо не значи тоа.
За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе“, се вели во соопштението.
Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат од СДСМ.
“Тоа што на чело на некогашната голема СДСМ стои човек кој веднаш би направил ново национално предавство, а луѓето кои ги има поставено околу себе се спремни да го поддржат во тоа.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи доследно да ги брани македонските национални интереси, достоинството и позициите на Македонија, затоа што тоа е наша обврска кон граѓаните и државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и порачува дека државните интереси треба да се бранат без разлика дали некој е на власт или во опозиција.