ВЛАДО БУЧКОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА УКИМ Мандатот на новиот Сенат е до 2029 година, а на Бучковски – една година

217

Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изборот бил направен на вчерашната конститутивна седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат, соопшти УКИМ преку Инстаграм.






Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UKIM – УКИМ (@ukim_skopje)

Со конституирањето на новиот состав и донесените одлуки официјално започнува функционирањето на Универзитетскиот сенат, кој во следните три години ќе ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ.

Универзитетскиот сенат е еден од клучните органи на Универзитетот и одлучува за прашања поврзани со наставата, научно-истражувачката работа, развојот и функционирањето на универзитетската заедница.

Поврзани содржини