ОМЕГА БЛОК ЈА ПЕЧЕ ЕВРОПА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ МОЖЕ ДА ДОСТИГНАТ И НАД 45 СТЕПЕНИ Ќе бидат соборени многу топлински рекорди

Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Германија издадоа највисоко ниво на предупредувања, училиштата се затворени, сообраќајот е нарушен, а здравствените служби работат под зголемен притисок.

192

Европа се соочува со еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години, додека екстремно високите температури погодуваат голем дел од континентот од Пиринејскиот Полуостров до Велика Британија.

Метеоролозите го нарекуваат овој феномен „Омега блок“ по атмосферскиот модел што наликува на грчката буква омега и што овозможува топлиот воздух да остане над истите области долго време.






Според климатолозите, овој систем вшмукува многу топол воздух од Северна Африка и од Сахара, носејќи невообичаено високи температури низ Западна Европа. Поради бавното движење на атмосферскиот блок, речиси и да нема ветер што би донел освежување, па топлината останува над истите региони со денови.

Бројни европски земји веќе ги доживуваат последиците од топлината.

Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Германија издадоа највисоко ниво на предупредувања, училиштата се затворени, сообраќајот е нарушен, а здравствените служби работат под зголемен притисок.

Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца во загреан автомобил. Во оваа земја се очекува температурата да надмине 45 степени на некои места.

Францускиот метеоролошки завод „Метео-Франс“ предупреди дека температурите би можеле да достигнат рекордни нивоа во периодот меѓу 21 и 23 јуни, при што во 60 области е прогласен портокалов аларм, а екстремните горештини се очекува да продолжат и следната недела.

Во Италија, поради топлотниот бран е активиран црвен аларм во 8 градови, а во Шпанија екстремно високите температури го отежнаа секојдневниот живот, особено во Гранада.

Во Амстердам се прогнозира дека температурите во наредните денови ќе достигнат тропски нивоа, а метеоролозите предупредуваат дека во некои области тие би можеле да надминат 34 Целзиусови степени. Кралскиот метеоролошки институт на Белгија исто така прогласи портокалов аларм поради екстремните горештини и силните невремиња.

Според најавите од Британскиот метеоролошки завод, бранот со високи температури ќе се задржи до четврток, а во најтоплите региони потенцијално температурите би можеле да достигнат до 38 степени, па и 40 степени.

Омега блок  се формира на таков начин што област со висок притисок е заробен лево и десно од области со понизок воздушен притисок. Во ваков застој во рамките на омега блокот, сувото и стабилно време опстојува, што во лето предизвикува екстремни температури.

Понекогаш таквата атмосферска ситуација опстојува неколку недели, носејќи долготрајна суша и многу високи температури во погодената област.

Ефектот на топлинска купола е последица на омега блокот, бидејќи поради високиот воздушен притисок, облаците и влагата не можат да се пробијат во внатрешноста на топлата и сува зона. Во ова време од годината, деновите се многу долги, небото е ведро, па топлината се акумулира и се зголемува од ден на ден.

Во моментов, најлошото е над Шпанија и над Франција, но и други делови од југозападна и централна Европа ќе ги почувствуваат последиците во текот на остатокот од неделата. Температурата во некои европски земји би можела да надмине 40 степени Целзиусови.

 

Фото: Принтскрин

 

Според страницата Severe weather Europe термичкиот скок е толку интензивен што може да бидат соборени рекордите за топлина на сите времиња, кои нормално достигнуваат врв кон крајот на јули.

„Механизмот на оваа значајна климатска аномалија лежи во неподвижниот омега блок, кој делува како капак што заробува застоена маса од сув сахарски воздух и немилосрдно ја компресира надолу. Невидената топлинска купола води до прекумерна топлина што ќе биде не само интензивна, туку и долготрајна, меѓу најинтензивните и историски топлотни бранови во Европа досега. Интензитетот е толку моќен со постојаниот модел, што компресијата на воздушните маси предизвикува температурите експоненцијално да растат ден по ден, без атмосферска вентилација. По рекордната суша во мај, горниот слој на почвата е исто така лишен од сета влага, елиминирајќи ја природната способност на Земјата да се лади и претворајќи ги големите урбани центри во бетонски печки. Големите европски градови ќе доживеат прекумерна топлина, а во средиштето ќе бидат Париз, Лондон, Хановер, Франкфурт и Брисел“, пишува страницата.

ДВЕ ДЕЦА ВО ФРАНЦИЈА УМРЕА ОД ГОРЕШТИНА ВО АВТОМОБИЛОТ НА МАЈКА ИМ Влегле во возилото кое било паркирано во гаражата

Поврзани содржини