🎥 МАРИНА МАМИЌ АЛИЈАС ЛУКА МОДРИЌ Хрватската шминкерка се трансформираше во капитенот на фудбалската репрезентација
Хрватската шминкерка Марина Мамиќ уште еднаш покажа зошто нејзините трансформации предизвикуваат возбуда на социјалните мрежи.
Славната хрватска шминкерка Марина Мамиќ ги воодушеви своите следбеници со неверојатна трансформација, овој пат отелотворувајќи го капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лука Модриќ.
На фотографијата објавена на Инстаграм, познатата хрватска шминкерка е речиси непрепознатлива – со помош на шминка, сенчење и прецизно дизајнирани детали, таа успеа верно да ги пресоздаде карактеристичните црти на лицето, фризурата и изразот на Модриќ.
Облечена во препознатливиот хрватски дрес со црвено-бело каро, Марина уште еднаш покажа зошто нејзините трансформации редовно го привлекуваат вниманието на илјадници следбеници и на медиумите. Реалистичните детали, од веѓите и очите до контурите на лицето и малата брада, создаваат впечаток како легендата на хрватскиот фудбал да е навистина пред објективот.
Реакциите не изостанаа, а многумина коментираа дека ова е една од нејзините најуспешни трансформации досега.
View this post on Instagram