ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ СЕ КРИВИ ЗА ПАДОТ НА НАТАЛИТЕТОТ „Ајфон“ ги натера жените на помалку деца

Времето минато со пријатели, како и сексуалната активност нагло се намалуваат, наспроти зголемената потрошувачка на порнографија, како можна замена за секс со партнер, пишуваат двајца истражувачи од Универзитетот на Мидлбери, Вермонт, во САД

34

Во многу земји, бројот на родени деца се намалува. Истражувачите сè уште се обидуваат да ги откријат причините за тој пад, па во тој контекст, две неодамнешни научни истражувања од САД укажуваат на истиот можен виновник – паметните телефони.

Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции, се наведува, па затоа и помалку сексуални средби во вистинскиот живот.






Според наводите, во САД од 2007 година стапката на плодност се намалила за 22 отсто. Се претпоставува дека тоа е поврзано со доаѓањето на „Ајфонот“ на „Епл“ таа година.

За да ја тестираат својата теорија, двајца истражувачи од Универзитетот на Мидлбери, Вермонт, во САД, Кејтлин Мајерс и Езекиел Хупер се сконцентрирале на фактот дека меѓу 2007. и 2011 година, „Ајфонот“ бил достапен во САД само преку еден оператор, „AT енд T (AT&T)“. Следи и споредба на стапките на плодност во областите опслужени од „AT енд T“ со оние кои веројатно биле лишени од користење на „Ајфон“.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини