ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ Завршени се сите процедури и е избран изведувач на работите

Проектот за изградба на овој автопат датира од  2014 година, кога беше најавен како еден од приоритетите за инфраструктруниот развој на државата.

1

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на месецов да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

-Според информациите кои ги одбив вчера конечно е завршена процедурата на избор на изведувач на работите, завршени се сите одговори на жалби и поплаки во прв и во втор степен. Комплетирана е процедурата и очекувам старт на теренските активности најдоцна до крајот на овој месец – рече Мицкоски.






Според новите проценки, проектот треба да чини 215 милиони евра.

Досега, од 12 километри колку што треба да биде долг автопатот Скопје – Блаце, се изградени само 2 километри.

Проектот за изградба на овој автопат датира од  2014 година, кога беше најавен како еден од приоритетите за инфраструктруниот развој на државата.

Поврзани содржини