🎥 ПЕРО АНТИЌ ГО ИСПРАТИ СИНОТ НА ПАНЧО НА ПОЛУМАТУРА Се пофали и со слики од матурирањето на својот наследник Лука
Македонската кошаркарска легенда периодов имаше два значајни настани, матурата на неговиот наследник Лука Антиќ и полуматурата на синот на неговиот близок пријател, Панчо од ДНК
Перо Антиќ сподели на социјалните мрежи фотографии од својот матурант, синот Лука Антиќ и напиша:
– Нека твојата верба во себе биде секогаш поголема од твојот страв. Не задоволувај се со просечноста – стреми се кон тоа што навистина можеш да бидеш! Среќно матурирање ГОРДОСТ ТАТИНА .
View this post on Instagram
Претходно, тој објави видео и фотографија со синот на Владимир Блажев-Панчо, Андреја, кој имаше полуматура, на која напиша: „Среќна матура лепотану“.
View this post on Instagram

Инаку, Антиќ и Панчо беа долгогодишни и многу блиски пријатели, па неговиот гест, односно, тоа што го однесе Андреја на прославата на полуматурата и му го разубаве денот, имаше големо значење.