СЕКС СКАНДАЛ ВО СУДОТ ВО ХАГ Главниот обвинител принудувал колешка на сексуални односи

Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд.

0

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан синоќа е привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување.

Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите-членки на МКС.






Одлуката за привремена суспензија на Кан, како што соопшти МКС, е заснована на „извештајот од истрагата спроведена од Службата за внатрешен надзор на ОН, придружните докази, мислењето на посебна група форензички експерти и писмени изјави“.

Во 2024 година колешка го обвини британскиот обвинител Кан за сексуално вознемирување. Таа тврди дека тој подолг период ја вознемирувал и ја принудувал на секс.

Комисија на ОН ги истражи обвинувањата и го поднесе својот извештај во декември 2025 година. Извештајот не е објавен. Тројца судии од Меѓународниот кривичен суд поднесоа правно мислење врз основа на истрагата. Тоа мислење исто така не е објавено.

Кан (56) ги негира сите обвиненија.

Кан беше главен обвинител на МКС од 2021 година и издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин. Основачкиот договор на Судот го имаат потпишано 125 држави, меѓу кои и сите земји-членки на ЕУ. САД, Русија и Израел не се дел од Судот.

Поврзани содржини