„ТРАНСРОДОВИТЕ ЖЕНИ НЕ СЕ ЖЕНИ“ Британскиот министер за здравство го промени претходното мислење
Британскиот министер за здравство Џејмс Мареј рече дека во текот на последните неколку години детално размислил за ова прашање и би ја променил формулацијата дека поимот жена подразбира возрасна женска личност и трансродови жени.
Британскиот министер за здравство Џејмс Мареј изјави дека го променил ставот за родовиот идентитет, потврдувајќи дека повеќе не смета дека трансродовите жени се жени. Рече дека ја поддржува заштитата на просторите наменети исклучиво за жени, врз основа на биолошкиот пол.
– Би ја променил формулацијата. Не би ја користел повеќе таа фраза. Во текот на последните неколку години многумина од нас, вклучувајќи ме и мене, детално размислија за ова прашање – рече Мареј.
Тој наведе дека ја прифаќа разликата меѓу полот и родот.
Мареј, кој минатиот месец го наследи Вес Стритинг на челото на Министерството за здравство, претходно имаше изјавено дека под поимот жена подразбира „возрасна женска личност и трансродови жени“.