📽️ СИЛЕН УДАР ВРЗ „ФЛОТАТА ВО СЕНКА“ Французите запленија руски танкер во Атлантскиот Океан
Според информациите, операцијата била изведена во меѓународни води со поддршка на сојузнички држави, а Париз порачува дека нема да дозволи заобиколување на санкциите против Русија.
Француските поморски сили запленија руски танкер за нафта во Атлантскиот Океан, објави францускиот претседател Емануел Макрон, оценувајќи дека станува збор за важен чекор во спроведувањето на меѓународните санкции против Русија.
Според информациите, танкерот „Тагор“ бил пресретнат во неделата во меѓународни води во Атлантскиот Океан во операција реализирана со поддршка на повеќе сојузнички држави, меѓу кои и Обединетото Кралство.
Макрон истакна дека акцијата била спроведена во согласност со меѓународното поморско право.
– Неприфатливо е бродови да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години. Овие бродови, кои не ги почитуваат ниту најосновните правила на поморската пловидба, претставуваат и закана за животната средина и безбедноста – изјави Макрон.
La Marine nationale a arraisonné hier matin un nouveau pétrolier sous sanctions internationales en provenance de Russie : le Tagor. Notre détermination est constante et totale.
Cette intervention a été effectuée en Atlantique, en haute mer,… pic.twitter.com/zxEslYjbUE
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 1, 2026
Случајот доаѓа по серијата активности на европските држави насочени кон таканаречената „флота во сенка“, која, според западните земји, се користи за заобиколување на санкциите воведени кон Русија.
На почетокот на мај, шведската крајбрежна стража заплени брод што бил под санкции во близина на Трелеборг.
Во меѓувреме, Романија и Бугарија продолжуваат со активностите за формирање безбедносен центар за надзор на бродскиот сообраќај во Црното Море, со цел следење на потенцијалните рути што ги користи руската „флота во сенка“.