НЕ ГО ОСТАВАЈТЕ ЧАДОРОТ ДОМА Седмицата почнува мирно, а завршува со ризик од невреме

Работната седмица почнува со сончево и потопло време, но попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најнестабилно се очекува да биде во четврток, кога се можни пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

81

Времето во понеделник, 1 јуни, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.






Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 34 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

 

Поврзани содржини