ПИСМОТО НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ Како тинејџерка сонувала за сосема поинаков живот

Писмо напишано од 17-годишната Дајана открива дека идната принцеза замислувала кариера во уметноста, а не живот во кралското семејство. Неколку години подоцна таа ќе стане најпознатата жена на планетата.

1

Малкумина би претпоставиле дека девојката која подоцна ќе стане британската принцеза Дајана сонувала за сосема поинаква иднина. Наместо палати, титули и кралски протоколи, сакала да танцува, да свири и да изгради сопствен пат во светот на уметноста.

Тоа го открива писмо што го напишала на 17-годишна возраст. Во него нема навестување дека наскоро ќе стане една од најпознатите личности во светот.






Напротив, од редовите се гледа тинејџерка која размислува за живот далеку од вниманието на јавноста.

Сон за сцена, не за круна

Дајана израснала во семејството Спенсер и уште од детството била блиску до кралските кругови. Сепак, нејзиниот живот не бил без тешкотии. Разводот на родителите и семејните турбуленции оставиле длабока трага врз неа уште во најраните години.

Во јавноста подоцна ќе стане позната како „Срамежливата Дајана“. Луѓето кои ја познавале, пак, ја опишувале како емотивна, чувствителна и желна за прифаќање. Не блескала во училиште, но лесно воспоставувала врска со луѓето околу себе.

Од градинка до Бакингемската палата

Пред бракот со тогашниот принц Чарлс работела како дадилка и помошник во градинка. Токму таа непосредност и обичност подоцна ќе ја издвојат од останатите членови на монархијата.

Свадбата во 1981 година ја следеле милиони луѓе. Бајката што светот ја гледал однадвор, сепак, брзо почнала да покажува пукнатини. Дајана подоцна отворено зборувала за осаменоста, притисокот и за тешкотиите што ги носел животот во кралското семејство.

Жената што ја приближи монархијата до луѓето

И покрај сите предизвици, Дајана успеала да ја промени сликата за британската монархија. Прегрнувала заболени од СИДА во време кога тоа било реткост, зборувала за менталното здравје и покажувала човечка страна каква што јавноста дотогаш ретко гледала.

Токму затоа, децении подоцна, едно старо писмо не привлекува внимание само како историски документ. Тоа открива девојка која сонувала поинаков живот, многу пред светот да ја запознае како принцеза.

Поврзани содржини