СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ САЕМ, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО АЕРОДРОМ? Пронајдена локација, следи договор со приватен инвеститор

Ивица Томовски најави нов саемски комплекс во Скопје преку јавно-приватно партнерство, со хали, спортски терени и хотел.

811

Во Скопје повторно ќе се гради саем, објави 4NEWS.mk, откако по уривањето на објектите на Скопскиот саем на таа локација беше изграден трговски центар, со што градот остана без ваков комплекс.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, во гостување во „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека веќе е пронајдена нова локација за изградба на саемски објекти и дека проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство.






Томовски не ја откри точната локација, но посочи дека таа се наоѓа во близина на студиото на 4ТВ, во зградите „Џавахир“ во Општина Аеродром.

– Ние како држава сега немаме саем. Имаме некоја локација во најава, чекаме уште да видиме со Град Скопје и Катастар дали таа локација е чиста. Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен инвеститор којшто ова ќе го финансира, за да не инвестираме ние како држава 50 милиони евра, а сепак тоа да остане на државата – изјави Томовски.

Според најавите, новиот саемски комплекс би требало да содржи повеќе изложбени хали, придружни содржини и дополнителни објекти, со цел повторно да се врати саемската дејност во главниот град.

 

Поврзани содржини