📽️ РУСКИ ДРОН ПАДНА ВРЗ ЗГРАДА ВО РОМАНИЈА Букурешт бара помош од НАТО

Романија побара помош од НАТО по пад на руски дрон врз станбена зграда во Галаци, при што избувна пожар и има повредени лица.

213

Романија побара дополнителна поддршка за својата воздушна одбрана откако во текот на ноќта руски дрон се урна врз станбена зграда во источниот град Галаци, јавуваат странски агенции.

Романското Министерство за надворешни работи соопшти дека за инцидентот бил информиран генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и дека е побарано забрзување на испораката на опрема за заштита од дронови.






Од Букурешт најавуваат и дипломатски мерки како одговор на, како што велат, сериозно нарушување на меѓународното право и воздушниот простор на државата.

 

„Руската Федерација сноси директна одговорност за оваа тешка и неодговорна акција“, се наведува во соопштението на романското МНР.

Според тамошното Министерство за внатрешни работи, дронот предизвикал пожар на 10-тиот кат од станбена зграда во Галаци. Две лица се здобиле со полесни повреди и им била укажана помош на лице место.

На терен бил испратен специјализиран истражен тим за експлозивни уреди, кој работи на утврдување на околностите на инцидентот.

 

Галаци се наоѓа на реката Дунав, во близина на границата со Молдавија и Украина.

Инцидентот доаѓа во период на зачестени руски напади врз Украина, при што повеќе пати е регистрирано прелевање на беспилотни летала во воздушниот простор на земји членки на НАТО. Во одредени случаи, и украински дронови и ракети навлегуваат во соседни територии.

Поврзани содржини