ТРАМП НА БАНКНОТА ОД 250 ДОЛАРИ? Објавена скицата што ја шокираше Америка

Министерството за финансии разгледува можност за специјална банкнота по повод 250 години независност на САД, но законот засега е главната пречка.

957

Американската политика повторно е во центарот на внимание, но овојпат не поради избори или надворешна политика, туку поради необична идеја што предизвика бурни реакции низ САД – предлог Доналд Трамп да се најде на нова банкнота од 250 долари.

Според пишувањето на „Вашингтон пост“, функционери од американското Министерство за финансии разгледуваат можност за специјална банкнота по повод 250 години независност на САД, а на неа би се нашол ликот на актуелниот претседател Доналд Трамп.






Во јавноста веќе се појавија и скици од предложениот дизајн, на кои покрај портретот на Трамп стои и натписот „250 America“. Дополнително внимание предизвика и републиканскиот конгресмен Енди Бар, кој уште во јануари позираше со голема макета од ваквата банкнота.

Сепак, идејата веднаш отвори и правни дилеми. Според американскиот закон, на банкноти може да се појавуваат само починати личности, а последен пат жива личност била ставена на американски пари уште во 1866 година, по што тоа било забрането.

Од Министерството за финансии потврдија дека се прават анализи и се разгледуваат можностите, но поранешниот директор на агенцијата за печатење пари, Лери Феликс, предупреди дека ваква банкнота не може да биде одобрена без посебен акт од Конгресот.

Иако засега нема официјална одлука, самата идеја веќе предизвика поделени реакции во американската јавност – едни ја гледаат како патриотски симбол за јубилејот на САД, додека други сметаат дека станува збор за политички спектакл без преседан.

Поврзани содржини