ИЗВИКАЛ „АЛАХУ АКБАР“ ПА НАПАДНАЛ ЛУЃЕ СО НОЖ Најмалку четворица ранети во Швајцарија

Кантоналната полиција утрово околу 8:30 часот добила дојава за напад на железничката станица, по што веднаш биле испратени две патроли на терен кои затекнале три тешко повредени лица.

40

Швајцарската полиција денеска оцени дека нападот со нож на железничката станица во Винтертур, во кантонот Цирих, во кој три лица беа избодени и тешко ранети, претставува терористички чин.

Шефот на кантоналната полиција на Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско, но и дека се радикализирал и дека уште во 2015 година бил пријавуван за ширење пропаганда на т.н. Исламска држава, пренесува швајцарски Блик (Blick).






– Ова беше гнасен терористички чин. Сакаме таквите луѓе да ја напуштат земјата – рече Фер.

Тој исто така соопшти дека напаѓачот во 2024 година поднел барање за издавање нов пасош, но никогаш не дошол да го земе, како и дека во 2024 година емигрирал во Турција и исчезнал на две години. Пред нападот, според Фер, напаѓачот поради чудно однесување бил фатен и пренесен на лекување во психијатриска болница, но во средата било проценето дека не претставува опасност за себе или за другите и бил пуштен од установата.

Фер додаде дека напаѓачот при нападот користел нож, чие сечило се скршило за време на инцидентот, без да открие детали за тоа како осомничениот бил совладан.

Кантоналната полиција утрово околу 8:30 часот добила дојава за напад на железничката станица, по што веднаш биле испратени две патроли на терен кои затекнале три тешко повредени лица.

– Повреден е еден 28-годишник со убодна рана на ногата, 43-годишник повреден во пределот на вратот и 52-годишник кој е тешко ранет со убод во бутот и итно опериран. Двајцата полесно повредени се пуштени од болница – соопшти полицијата и додаде дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“.

Поврзани содржини