ЛЕТОТО СТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА Температурите одат до 33 степени
Сончевото и топло време продолжува и во наредните денови, а за време на викендот на места се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер.
По посвежите утра, следува период на претежно сончево и потопло време низ земјава, со температури кои на одделни места ќе достигнат и до 33 степени.
Според најавите на метеоролозите, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 9 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 19 до 31 степен.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 28 степени.
Стабилното и сончево време ќе продолжи и за време на викендот. Во сабота температурите ќе се движат од 23 до 31 степен, со посвежи утра и слаб до умерен северен ветер.
Во недела ќе има повеќе облачност во попладневните часови, кога на одделни места се очекува нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите тогаш ќе достигнат и до 33 степени.