ВО АПРИЛ ПОВЕЌЕ СМЕ ТРОШЕЛЕ ЗА ХРАНА, ПОМАЛКУ ЗА ГОРИВА Прометот во трговијата со храна пораснал за 17,3%

Во април, според статистика, е забележан годишен пад на прометот со автомобилски горива од 1,85 номинално и од 19,4% реално.

18

Во април прометот во трговијата на мало на годишно ниво (април 2026 – април 2025) во сите сегменти бележи пораст, освен во трговијата со гориво каде што е забележен пад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Според овие податоци, највисок раст на прометот, очекувано има има во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун каде што номиналниот раст изнесува 17,3%, а реалниот 11,3%.






Во овој месец граѓаните, сепак купувале помалку други производи. Па така прометот трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намален за 1,1%, но реално е зголемен за 5,2%,

Статистичарите пресметале и дека во април трговија на мало, без трговијата со горива, има зголемен промет на годишна основа и тоа номинално од 8,6%, а реално од 9,3%.

Пад на прометот, според статистика, бележи трговија на мало со автомобилски горива и тоа номинално за 1,8%, а реално за 19,4%.

Поврзани содржини