Екоактивисти или насилници?

Почитувани граѓани на Македонија почнете да верувате на науката, а не на личности кои уценувале за пари или за работни места.

97

Почитувани читатели пред краток временски период соодветни самопрогласени активисти се заканија на државата како целина и на мене и моите колеги од медиумскиот свет. Со следниов наратив.

„Немој да си играте со народот“ во изборната единица 4.






Ние како медиумски работници сме им многу благодарни зашто ни отворија поле за работа и сега имаме право да ја повикуваме државата да почне да си превзема соодветни мерки и плус ние да вршиме новинарски истражувања во кои во првиот бран ќе бидат поставени соодветни прашања до следниве институции за финансирањето на овој екоактивизам со еден и единствен императив да ја запознаеме јавноста која има право да знае сè. Тоа се следниве: Финансиско разузнавање, Финансиска полиција, Управа за јавни приходи, Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност и нормално Претседател и законодавна и извршна власт.

Можеби Ви изгледа чудно, ама замислете, и повторувам, замислете, ова нема врска со моите реални постапки, јас да му се заканам на градоначалникот на Град Скопје со „Не си играј со народот“, ако не ги исполни следниве услови: Нема продавање станови на лица од изборна единица 4, ако не е 16 пати поголема цената од пазарната, за нив даноците да бидат 45 пати повисоки од оние на скопјани и тоа да се пресметуваат и да се исплатуваат секој месец, студентите од кај нив секој ден да плаќаат еколошка такса од 25.000 денари поради физиолошки потреби со кој ја загадуваат водата, воздухот и почвата на Скопје итн.

Нормално ова можам да го кажам само во две состојби. Или имам психијатриски проблем или сум платен од некого.

Овие личности кои се претставуваат како екоактивисти директно се заканија отворено до две личности.

Александар Николоски, министер за транспорт, поради изградбата на патот кај Прилеп, зашто кажа дека Македонија нема да плаќа оштета во вредност од 100 милиони евра поради одрдена група која брани туѓи интереси.

Сања Божиновска, министер за енергетика, рударство и минерални суровини, само зашто работи според одлуки на суд и на соодветни други институционални сегменти при министерството.

Затоа си има правосудни органи, медицински установи и нормално, ние медиумите, кои сега ни го отворија патот, не дека ни бил затворен, туку нè прозваа со закана за која може да ги тужиме за нанесување на несигурност и за влевање страв. Искрен да бидам воопшто не сме вознемирени и можат да си ја читаат „За кого бијат камбаните“.

Но, да се вратиме со реалните прашања и реалните одговори.

Првото прашање е зошто мора да инвестираат странци, а не ние сами?

Зошто немаме такви пари. Народот верува само на странци, зашто ќе воведат ред.

Колку пари имаме ние од тоа?

Нашите макроекономисти го имаат следниот изграден државнички став. Има да се наплаќа на моментална пазарна цена на металот и на сите други неметалични руди и други минерални суровини и сите вработени има да бидат од краевите каде се наоѓа. Да го земам како пример само златото. На само 5 места е докажано дека имаме 220 тони злато. Со просечна експлоатација од 12 години и просечна цена од 110 евра по грам (златото е секогаш најваријабилен ценовен метал) и ако пресметате 4% рудна рента за овие мали места кои заедно се помалобројни од Карпош 1, 2, 3 и 4 (Општина Карпош тоа е некаде околу 32 % од населението) има да заработуваат, без да им се меша државата, 86 милиони евра годишно, кои има да легнуваат на сметките на општините. И од овие годишни приливи секоја година 10% се загарантирани со закон за заштита на животна средина.

Дали сум лобист за индустријализација на Македонија? Апсолутно да.

Дали знаеме како сето тоа да го исконтролираме како држава? Еве да објаснам како изгледат тоа.

Модерно рударство.

Се започнува со анализи и со контроли.

Пред отворање на рудник се спроведуваат:

  • Геолошки истражувања
  • Еколошки студии
  • Мерење на воздух, вода и почва
  • Дозволи и контроли според европско законодавство

Модерното рударство денес е една од најрегулираните индустрии.

Заштитата не е опција, туку обврска и поради тоа за време на ископи современите рудници користат:

  • Системи за контрола на прашина и отпад
  • Строго регулирани технолошки процеси
  • Третма и прочистување на вода

Целта е максимална безбедност и заштита на природата.

Обновување на просторот.

По завршување на активностите се спроведува рекултивација.

  • Пошумување
  • Уредување на земјиштето
  • Стабилизација и санација на теренот
  • Враќање на просторот во употреблива состојба

Најсовремените практики не дозволуваат под ниеден услов да нема одговорност по завршувањето на работата.

Затоа почитувани читатели и граѓани на Македонија почнете да верувате на науката, а не на личности кои уценувале за пари или за работни места.

Затоа ние медиумите знаеме сè и одлучивме да Ви ја приложиме вистината.

Јас пред неколку години им соопштив на овие насилници дека сум невоспитан лобист кога ја кажувам вистината.

П.С. За оној кој во завиена форма пишувал за мене дека сум недипломиран инжинер, да му соопштам дека 2001 година дипломирав и само јас пишувам на оваа тема од металурзите и затоа сум ја добил довербата за висока позиција во нашето здружение.

П.С.2 За другарката чиј татко беше преведувач на директорот за рудникот од нејзиното родно место Иловица-Штука и е избркан нормално, а таа е археолог и нема ништо заедничко со геолошко-рударско-металургиски комбинат има да ѝ посветам посебно внимание и место на медиумите.

Виктор Грозданов
Секретар на Здружението на Металурзи на Македонија

Поврзани содржини