ОХРИЃАНИ В ПЕТОК ДА ГО ОДБЕГНУВААТ „БЕЈБУНАР“ Полицајци ќе вежбаат боево гаѓање на стрелиштето

Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, се вели во соопштението на СВР Охрид.

79

Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција, соопшти СВР Охрид.

„Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.






Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници“ – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Поврзани содржини