ЕДНОМЕСЕЧЕН ПРИТВОР ЗА КРИУМЧАРИ НА МИГРАНТИ Двајца Косовци превезувале 7 лица од Египет

Двајцата осомничени биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Мигрантите, пак, биле сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Постапката продолжува.

103

Двајца државјани на Косово добија едномесечен притвор откако полицијата oткриила дека превезувале 7 мигранти од Египет. Според МВР, едното возило служело како претходница на комбето во кое биле пронајдени мигрантите.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера рано наутро ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, на наплатната станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино. Акцијата се одвивала рано изутрина.






Полицијата запрела „фолксваген транспортер“ со косовски регистарски таблички, управуван од А.Г., како и „шкода октавија“ со косовски ознаки, управувана од Г.Г. Во комбето биле пронајдени мигрантите.

„За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

Двајцата осомничени биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Мигрантите, пак, биле сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Постапката продолжува.

Поврзани содржини