📽️ ТАРА ГО „НАТЕРА“ НОЛЕ ДА ТАНЦУВА НА „БАНГАРАНГА“ Ѓоковиќ и ќерката се хит на Интернет, ги сподели и Дара
Новак Ѓоковиќ и неговата ќерка Тара станаа хит на социјалните мрежи со танц на песната „Бангаранга“, а видеото го сподели и пејачката Дара.
Евровизиската еуфорија стигна и до семејството Ѓоковиќ, а Новак повторно покажа дека покрај тенисот, најмногу ужива во моментите поминати со своите деца.
Српскиот тенисер, кој деновиве настапува на Ролан Гарос, секоја слободна минута ја користи за дружење со семејството, а неговата ќерка Тара уште еднаш успеа да го „натера“ да игра по нејзините правила.
На социјалните мрежи се појави видео на кое Новак и Тара танцуваат на песната „Бангаранга“, со која бугарската пејачка Dara предизвика вистинска евровизиска еуфорија.
Таткото и ќерката изведоа весела кореографија пред шарена сценографија, која потсетува на оригиналниот настап на песната.
Видеото за кратко време стана хит на интернет, а воодушевената Дара веднаш го сподели на своите социјални мрежи.
View this post on Instagram