СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО КАЛИФОРНИЈА Надмината опасноста од експлозија на резервоар за хемикалии

Од четвртокот, резервоар кој содржи околу 26.000 литри метил метакрилат – запалива течност што се користи за производство на пластика – се закануваше да се излее во околината или да експлодира во близина на станбени квартови во Гарден Гров (Garden Grove), населено место во Оринџ Каунти. 

34

Заканата од експлозија на резервоарот со хемикалии, која можеше да доведе до загадување на воздухот во населена област во Калифорнија, е „елиминирана“, соопштија денеска противпожарните служби, пренесуваат светските агенции.

И покрај тоа, околу 50.000 луѓе кои беа евакуирани сè уште немаат дозвола да се вратат во своите домови.






– Заканата од експлозија е елиминирана – изјави во видеообраќање началникот на локалната противпожарна служба, Ти Џеј Мекгаверн.

Од четвртокот, резервоар кој содржи околу 26.000 литри метил метакрилат – запалива течност што се користи за производство на пластика – се закануваше да се излее во околината или да експлодира во близина на станбени квартови во Гарден Гров (Garden Grove), населено место во Оринџ Каунти.

Досега властите не соопштуваат за повредени лица и сè уште ја немаат објавено причината за инцидентот.

Метил метакрилатот предизвикува иритација на кожата, очите и слузницата кај луѓето. Исто така, може да предизвика респираторни и невролошки реакции при долготрајна изложеност на неговото дејство.

🎥 ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА, ЕВАКУИРАНИ 50.000 ЛУЃЕ Можна е експлозија во огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија

 

Поврзани содржини