📽️ „НАРУШЕНИ МЕЃУЗАЈАЧКИ ОДНОСИ“ ВО КУНОВО Два зајаци станаа интернет сензација

Снимка од два зајаци кои се оттурнуваат во Куново предизвика лавина реакции и хумористични коментари на социјалните мрежи.

444

Необична и забавна снимка од селото Куново во општина Гостивар привлече внимание на социјалните мрежи, откако на неа се гледаат два зајаци кои стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, како да се во „сериозна расправија“.

Видеото е објавено со доза на хумор од локалните жители, кои на шега напишале: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, што дополнително ја засили реакцијата на корисниците на интернет.






На снимката, двата зајаци се движат еден кон друг, се исправуваат на задните нозе и се тепаат како на бокс меч, а многумина на социјалните мрежи го протолкуваа како комична сцена од природата.

Куново, кое се наоѓа во општина Гостивар, не е првпат да стане тема на онлајн реакции, но овојпат вниманието го привлече токму ова кратко и забавно видео.

Снимката брзо се прошири и предизвика бројни коментари, при што корисниците се шегуваат дека „дури и зајаците имаат свои недоразбирања“.

Видеото е преземено од фејсбук страницата на село Куново.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини