МИЦКОСКИ ЧЕКА ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ОДЛУЧИ ЗА ЖАЛБАТА НА ЕСМ Дотогаш нема да го коментира случајот
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи во врска со жалбата на ЕСМ за случајот „Мазут“.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, Мицкоски рече:
– Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата. Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме.