„КОСТАЛ“ ЗА 10 ГОДИНИ СТАНА ПЕТТА ИЗВОЗНА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува приходите на компанијата да пораснат на 500 милиони евра во наредниот период

Премиерот рече дека растот на компанијата е поврзан со растот на Охрид и македонската економија.

3

Компанија „Костал“ која е германска инвестиција  претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето 10 години од оваа инвестиција.

Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ.






– Сепак за овие 10 години се направени толку многу работи што низ бројки изгледаат навистина импресивно. Само во последните 5 години од 80 милиони евра до 280 милиони евра приходи што се очекуваат оваа година, исклучително значаен економски резултат, но тоа е исклучително значаен економски резултат и за македонската економија којашто директно учествува во македонскиот БДП- рече Мицкоски.

Тој додаде дека повеќе од 1.300 или 1340 вработени во производствените капацитети на компанијата значат сигурност за многу семејства и дополнителен развој за регионот.

– Колку е поуспешен „Костал“ во Македонија, толку ќе биде поуспешна и државата. Но и обратно – колку Македонија е попросперитетна, толку подобри услови ќе има и за инвеститорите – рече Мицкоски.

Споре премиерот, значајни за Охрид, но и за целата економија се инвестициите од 200 милиони евра, што ја прави  компанијата најголема германска  инвестиција во автомобилскиот сектор.

Мицкоски, како што рече, очекува  приходите и бројот на врабоените на компанијата да растат во наредниот период.

-Кога сето ова ќе го сумираме и кога ќе го анализираме тогаш доаѓаме до еден заклучок дека оваа инвестиција претставува за сите нас инспирација да продолжиме заедно во години коишто следат, во периодот којшто следи, да се надополнуваме, да се поддржуваме и зошто веќе за некоја година од денеска наместо 280 милиони евра приходи да зборуваме за повеќе од 500 милиони. Нешто што треба да претставува наша заедничка цел. Зашто да не зборуваме за повеќе од 2.000 вработени, зошто да не зборуваме за повеќе од 500 милиони евра инвестиции токму тука во македонскиот, европски, светски бисер Охрид и во Македонија како држава – рече Мицкоски.

Поврзани содржини