МИШЕЛ ФАЈФЕР ГО ОТКРИ ХАОСОТ НА СНИМАЊЕТО НА ХИТ-СЕРИЈАТА „Немаше купатило, храна, ниту греење“

Како да сте во шатор затоа што, знаете, нема купатило. Дури ни полското ВЦ не е вистинско. Нема климатизација, нема водовод, нема ништо. Но, е зачудувачки величенствено - рече Фајфер опишувајќи ги условите во кои се снимала хит-серијата Медисон.

58

Мишел Фајфер откри дека снимањето на серијата „Медисон“ било сè друго освен гламурозно. Актерката ги опиша суровите услови на снимањето во Монтана и Тексас, каде што екипата честопати немала купатило, приколки, ниту основни услови за одмор.

Во новата серија на Тејлор Шеридан, Мишел Фајфер ја игра Стејси Клајбурн, глава на богато њујоршко семејство која по трагедијата го напушта Менхетен и се сели во руралната Монтана. Но, идиличната глетка пред камерите имала своја помалку привлечна страна зад сцената.






Појавувајќи се во подкастот на LA Times „In Conversation: The Madison“, 67-годишната актерка зборуваше за снимањето на локација, каде што реалистичниот изглед на кадарот честопати значел многу малку удобност за актерите.

– Како да сте во шатор затоа што, знаете, нема купатило. Дури ни полското ВЦ не е вистинско. Нема климатизација, нема водовод, нема ништо. Но, е зачудувачки величенствено – рече Фајфер за снимањето.

Актерката објасни дека екипата морала да се прилагоди на условите бидејќи целиот проект се одвивал толку брзо. За снимањето била изградена кабина, но, вели таа, но не биле обезбедени веднаш сите логистички работи што вообичаено се подразбираат на сет.

– Навистина немавме приколки таму бидејќи се снимаше во 360 степени. Не можеа да имаат куп приколки околу сетот – рече таа. Додаде дека немало вистинско место за седење, немало тоалети или храна во близина, а временските услови дополнително ја отежнувале работата.

Беше ладно во зима, па им требаа греалки, додека во лето им требаа чадори бидејќи сонцето беше толку силно.

Фајфер претходно призна во интервју за „Холивуд репортер“ дека прифаќањето на улогата во „Медисон“ за неа било прашање на доверба. Тејлор Шеридан немал завршено сценарио во времето на договорот бидејќи сакал прво да ги избере актерите, а дури потоа да ги напише ликовите.

Фајфер сакала да знае која е Стејси пред да се посвети на проектот, додека Шеридан сакал да ја запознае за да може дури потоа да го обликува ликот. Кога сфатила дека нема да ја добие оваа битка, ѝ се обратила на Хелен Мирен, која веќе работела со Шеридан на серијата „1923“.

Мирен, вели таа, разговарала со неа со големо воодушевување за проектот и за авторот. Таа ѝ рекла дека сценаријата се одлични, продукцијата беспрекорна и дека поминала незаборавно време во Монтана. Тоа било доволно за Фајфер да ја прифати улогата.

„Медисон“ набргу по премиерата стана најуспешното лансирање на серија на Шеридан досега. Првата епизода собра осум милиони глобални прегледи во првите десет дена, а по завршувањето на првата сезона, серијата беше обновена за трета сезона бидејќи првата беше снимана паралелно со втората.

Во серијата глумат покрај Фајфер, глуми Курт Расел,  а приказната следи семејство кое се обидува да започне нов живот во долината на реката Медисон во Монтана по лична трагедија.

Поврзани содржини