ПОВТОРНО ПРИВЕДЕНА ПОРАНЕШНАТА МИСИЦА ОД КРИВА ПАЛАНКА Јулија спречувала заплена на добиток, па завршила во станица

Инцидентот се случил за време на акција на АХВ кај „Калин камен“, каде полицијата интервенирала поради попречување на службени лица.

0

Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска (28) од Крива Паланка е приведена откако, според полицијата, се обидела да ја попречи акцијата за заплена на добиток спроведена од надлежните служби.

Инцидентот се случил кај местото „Калин камен“, каде екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведувале акција за заловување на крупен добиток.






Според информациите од МВР, 28-годишната Ѓорѓиевска пружила отпор и ги попречувала службените лица додека ја спроведувале постапката, по што интервенирала и полицијата.

Таа била приведена и спроведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава.

Ова не е првпат нејзиното име да се поврзува со слични инциденти, каде што таа и нејзини поблиски членови на семејството беа приведувани поради добитокот кој слободно шета во Крива Паланка и околината.

Поврзани содржини