ФИЛИПЧЕ ГО ПОВИКА МИЦКОСКИ ДА НАПРАВАТ УСТАВНИ ИЗМЕНИ И ДА ЈА ПОДЕЛАТ ОДГОВОРНОСТА Како лидерот на опозицијата го замислува споделувањето на одговорноста со власта?

Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите, рече Филипче.

0

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин.

– Истовремено, имајќи предвид дека, како што била праксата во сите земји — Хрватска, Бугарија и понатаму — кога траеле преговорите, сите партии работеле заедно, сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче.






Во обраќањето на панел дискусијата на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“ лидерот на СДСМ апелира да не се пропушта моментот.

– Ќе останеме настрана, нема да имаме шанса, нема да можеме да преживееме. Нема да имаме пари од каде да земеме, ќе тонеме во сиромаштија, а младите ќе заминуваат од земјата. Упатувам јавен повик да го направиме чекорот. Да ја споделиме сите заеднички одговорноста – додаде Филипче.

Тој потсети дека за неколку дена во посета во земјава доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

– Веќе е формирана комисија која работи на креирање и пишување на пристапниот договор на Црна Гора со Европската Унија. Понатаму, гледаме дека сериозен напредок, освен Црна Гора, има и Албанија. Само две земји не се влезени во Европската Унија како дел од пакет, а тоа се Хрватска и Грција. Што значи дека, со сите геополитички случувања, кога се разговара за решение за Молдавија и тоа дали ќе биде во контекст на Романија или не, и за Украина, тоа е уште една потврда дека проширувањето е високо на приоритетната листа на Европската Унија – образложи Филипче.

Поврзани содржини