И ПО ЕСАПОТ НАРАЧАН ОД СДСМ, КОШНИЧКАТА ПАК ПОЕВТИНИЛА Паѓаат лагите дека ВМРО-ДПМНЕ лошо се справува со кризата
Паѓаат во вода лагите на СДСМ и на ССМ дека се намалува животниот стандард, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Манасиевски вели дека кошничката за мај поевтинила дури и со пресметката која, како што вели, ја нарачал СДСМ, а ја направил ССМ.
Синдикалната кошничка за месец мај е намалена за 54 денари, и покрај тоа што е креирана и одобрена од СДСМ преку ССМ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.
Манасиевски тврди дека ова е доказ дека лагите на СДСМ и на ССМ паѓаат во вода и дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните.
Тој истакнува дека самата пресметка е за просечна синдикална кошничка, што ја прави „далеку од релевантна“, но дека дури и по овие параметри
„Во услови на најголемата историски гледано енергетска и нафтена криза, ние имаме најниски цена на горивата во регионот, па и Европа, ММФ директно ја посочи Македонија како една од трите земји кои презела најдобри мерки за справување со кризата, цената на струјата не се поскапува ниту за денар, а во исто ова време, растат платите, пензиите, капиталните инвестиции се реализираат и се враќаат долгови кои неспособната власт на СДСМ и ДУИ ги создаде за да можат да си ги пикнат во џеб.
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните!“.
ССМ во средата објави дека синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари.