СИ ИГРАЛ ШПИОН ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Обвинителството води предистрага од декември лани

Плусинфо неофицијално дознава дека станува збор за вработен во Кабинетот кој им влегувал во компјутерите на колегите од Кабинетот и ги шпионирал иако таму немало критично важни информации од разузнавачки карактер. 

1,987

Обвинителството за организиран криминал и корупција води предистрага по анонимна кривична пријава, потпишана од „група вработени во МВР“, за сомнежи за преземање податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според пријавата, се копирале и енкриптирале податоци, т.е. се шифрирале во таен код за наводно да завршат кај разузнавачки служби во странство.

Под сомнение е ИТ-администратор во претседателскиот Кабинет, кој наводно бил поврзан со странска разузнавачка служба.






Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека предистрага се води од декември лани по аларм од Секторот за компјутерски криминал во МВР. Веднаш се издадени наредби за докажување на сомнежите, но нема информации од Секторот за компјутерски криминал во МВР за содржината на евентуално извлечените податоци, како и од двата мобилни телефона кои биле одземени од пријавениот.

Плусинфо неофицијално дознава дека станува збор за вработен во Кабинетот кој им влегувал во компјутерите на колегите од Кабинетот и ги шпионирал иако таму немало критично важни информации од разузнавачки карактер.

Поврзани содржини