🎥 КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС НЕКОГАШНАТА ХОЛИВУДСКА УБАВИЦА Лара Флин Бојл во едно од ретките појавувања во јавност, во Лос Анџелес
Лара Флин Бојл, некогашна ѕвезда од 90-тите, ѕвезда од култната серија „Твин Пикс“, повторно е видена во јавност по речиси една година. Многумина жалат поради тоа што си го направи себеси
Лара Флин Бојл, некогашна една од најпознатите телевизиски актерки од 90-тите, неодамна повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше фотографирана за време на ретко излегување во Лос Анџелес.
Ѕвездата од култните серии „Твин Пикс“ и „Правда за сите“ беше видена на опуштена прошетка со своето 12-годишно куче Шримп, за првпат по речиси една година, а нејзиното враќање пред фотографите веднаш предизвика носталгија кај обожавателите.
Денес, 56-годишна, таа носеше лежерна комбинација – сива маица со натпис, бели фармерки и големи очила за сонце, додека пушеше цигара за време на прошетката. Нејзиниот сопруг Доналд Реј Томас, инвеститор во недвижности со кого дел од времето живее и во Тексас, не беше со неа.
Таа е родена на 24 март 1970 година во Девенпорт, Ајова, САД. Пораснала со нејзината мајка Сали Бојл, која од мала ја поттикнувала на уметност и креативност. Таа покажала голем интерес за глума како дете, а во тинејџерските години се преселила во Чикаго, каде што почнала да посетува работилници за глума и да се пријавува на аудиции.
Нејзината кариера започнала кон крајот на 1980-тите кога почнала да добива помали телевизиски и филмски улоги, но нејзиниот вистински пробив се случил во почетокот на 1990-тите.
Лара Флин Бојл стекна светска слава со улогата на Дона Хејвард во култната серија „Твин Пикс“ од Дејвид Линч и Марк Фрост. Серијата брзо стана телевизиски феномен, а Лара – едно од најпрепознатливите лица на телевизиската сцена во тоа време.
View this post on Instagram
По успехот на „Твин Пикс“, таа добиваше низа филмски и телевизиски понуди, а глумела и во наслови како „Wayne’s World“, „Threesome“, „Happiness“ и „Men in Black II“. Таа исто така стекнала голема популарност со улогата на Хелен Гембл во правната драма „Правда за сите“, за која била номинирана за Еми.
Публиката ја паметеше по нејзината специфична убавина и мистериозен изглед, а во текот на деведесеттите години често беше на листите на најпосакувани жени во Холивуд.
Покрај актерската кариера, Лара Флин Бојл често ги полнеше таблоидите со својот приватен живот. Таа беше во врска со колегата од „Твин Пикс“, Кајл Меклахлан, комичарот Дејвид Спејд, а најголемо внимание привлече нејзината романса со легендарниот Џек Николсон, кој беше 33 години постар од неа. Нивната врска кон крајот на деведесеттите години беше една од најследените во Холивуд, а заедно често ги полнеа насловните страници поради нивната турбулентна врска и ноќен живот.
Со години, медиумите ги следеа и промените во нејзиниот изглед, особено по естетските зафати, што честопати ја правеше мета на јавни коментари и критики. Токму дискусиите за нејзиното лице и операциите станаа една од најголемите теми во таблоидите во текот на 2000-тите.
Иако некогаш беше голема телевизиска ѕвезда, Флин Бојл речиси целосно исчезна од јавноста и актерскиот свет во последните години. Нејзината кариера постепено се забави по средината на 2000-тите, а самата призна дека Холивуд тешко го прифаќа стареењето на актерките.
– Не е виновен Холивуд. Сите сме виновни. И јас сум. Сакам да гледам убави луѓе на екранот – рече таа пред две години, додавајќи дека не сака да се гледа себеси на екранот и дека со текот на годините се чувствувала поудобно со приватноста отколку со животот под рефлектори.
Нејзината последна филмска улога беше во 2024 година во филмот „Mother, Couch“, но филмот не оствари поголем успех.
Денес, таа живее осамен живот далеку од Холивуд и јавните настани. Ретко дава интервјуа и речиси никогаш не се појавува на црвените теписи, поради што секое нејзино појавување привлекува големо медиумско внимание.
Иако повеќе не е дел од гламурозната холивудска сцена како што беше некогаш, обожавателите сè уште ја паметат како една од најпосебните телевизиски актерки од 90-тите и заштитно лице на култната „Твин Пикс“.